Се зајакнуваат капацитетите на болницата во Велес
28.07.2015 12:51
Ќе биде набавена и нова опрема во вредност од над 6 милиони денари. Целта е да се зајакнат капацитетите на болницата и да се намалат упатувањата на пациенти на скопските клиники...

40 лекари од велешката болница се на едукација во странство, ќе биде набавена и нова опрема во вредност од над 6 милиони денари. Целта е да се зајакнат капацитетите на болницата и да се намалат упатувањата на пациенти на скопските клиники.
Само во последните шест месеци од Велес на скопските клиники биле упатени 4.250 пациенти, најмногу во специјалностите гастро, урологија, дерматовенерологија и неврологија.
