Заврши проектот за слободно движење на работниците
Целта е да се подобри способноста за примена на законодавството на ЕУ во областа на координација на системите за социјално осигирување...

Завршна конференција за твининг проектот за јакнење на капацитетите на македонските државни институции за ефективна имплементација на законодавството на ЕУ во областа на слободата на движење на работниците.
Во рамките на проектот беа обучени 400 државни службеници во Министерствата за труд и социјална политика и здравство, Агенцијата за вработување, Фондовите за здравство и пензиско и инвалидско осигурување. Целта е да се подобри способноста за примена на законодавството на ЕУ во областа на координација на системите за социјално осигирување.
Дваесетина македонски експерти беа испратени на студиска посета во Шведска, во Холандија и Унгарија за да ги изучат националните решенија во сферата на координација на шемите за социјално осигурување.
Како што истакнаа евроамбасадорот Аиро Орав и заменик- министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, проектот ќе овозможи трансфер на знаења и размена на мислења, како и зајакнување на институционалните и административните капацитети за системот на социјално осигирување и за учество во европскиот сервис за вработување.
