Високи температури, предупредувачка жолта фаза
28.07.2015 13:19
Топлиот бран ќе продолжи неделава...

Уште еден ден со тропски горештини во земјата. Високи температури и предупредувачка жолта фаза за граѓаните во источниот дел од земјава. Топлиот бран ќе продолжи неделава.
Програмата на Обединети нации, центарот за спарвување со кризи и заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор изготвија серија кратки информативни видео спотови со информации како полесно лицата да се заштитат од разни природни непогоди.
Светла облека, полесна храна- предијатрите советуваат имунизацијата на децата да продолжи, да се врши во претпладневните часови. Претпазливи да бидат хроничните болни.
