Еден загинат, еден тешко повреден во Куманово, се трага по напаѓачот од Косово

28.07.2015 13:38

А.Р. поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар во Скопје...

Седумдесет и едногодишниот Риза Р. починал, а неговиот син дваесет и деветгодишниот А.Р е во критична состојба откако во нив  во 11:20 часот  на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово пукало лице од Косово, сопшти кумановската полиција. 
 
А.Р. поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар во Скопје.
 
Донесен е пациент со повреди од огнено оружје со две огнострелни рани во пределот на градниот кош и со две огнострелни рани на горните екстремитети. Пациентот беше во тешка здравствена состојба, по соодветен третман за обезбедување на виталните функции со обезбедени повреди во присуство на анестезиолог е проследен до Ургентен центар Скопје, изјави денеска д-р Стефан Трајановски, дежурен хирург во Општа болница Куманово. 
 
СВР Куманово трага по лицето од Косово.