Стимулациите за многудетно семејство ја менуваат демографската слика

28.07.2015 15:14

Расте бројот на многудетни семејства. Финансиската подршка за трето дете – стимулација за брачните парови. Децата се богатсво, носат спокојство – вели брачниот пар Пауновски од Челопек, родители на три деца...

Љубовта ја почнале во 2001-та кога воениот  конфликт  тлееше, за кратко ја крунисале со брак. Велат- преживеаните нешта не ги обесхрабриле, ги зближиле духовно. Четири години подоцна Славица и Здравко го добиваат најголемот богатство. Кристијан – нивната прва радост сега е  прваче. Вели среќен е што детските игри ги дели со Бојан – неговото братче. Кога дознавме  дека ќе имаме трето, почувствувавме благослов, вели неговата мајка. На свет дошол Петар.

Децата се богатство. Во Челопек имаме три машки деца- бисери и сум бескрајно горд, вели кумот на Здравко и Славица. Додатокот за трето дете им е од голема помош – признава таткото Здравко.  

Стимулациите за многудетно семејството успеаа да ја сменат демографската слика во земјава. Мерките се покажаа делотворни. Статистиките покажаа,  запре падот на наталитетот во последните неколку години.

 

Александра Перевска