Се реконструира Железничката станица во Прилеп

28.07.2015 15:29

Се интензивира реконструкцијата на Железничката станица во Прилеп – една од првите изградени во земјава. По 70 години ќе добие нов покрив, нов лик, ќе биде опремена со современ патнички информативен систем. Со пари од ИПА фондовите се работи и на 10 железнички станици...

Се интензивира реконструкцијата на железничката станица во Прилеп. По 70 – ина години, ќе има нов покриви подови, обновена фасада, нова термичка изолација и водоводна и електрична инсталација, обновено осветлување, нови системи за греење и ладење, противпожарна заштита, патнички информативен систем, пристапност за товарниот и патничкиот транспорт и за лицата со намалена подвижност. Патниците да уживаат во патувањето.

„Добра идеја. Посебно што во близина е и новата автобуска станица. Добро би било, сигурно и повеќе патници би патувале.“

„Добро е и за туристи кои патуваат надвор од земјава.“

„Крајно време беше нешто да се смени, барем основните услови да се подобрат.“

„Реновирањето нека заврши што поскоро, па и да ги дчекаме новите возови во нови железнички станици“, велат прилепчани.

Правосилни се одобренијата за градба на сите 10 станици и во Велес, Битола, Богомила, Гевгелија, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Проектот е вреден 2, 2 милиона евра од ИПА фондовите.

За една година станицата ќе добие нов лик, а Прилеп со новата автобуска до железнчката, ќе го обликува современиот транспортен центар. Се чекаат новите возови.

„Со средувањерто и на железничката станица, по европски терк, Прилеп ќе добие еден од најсовремените транспортни центри во Република Македонија. Се надевам дека од септември ќе стигнат и новите возови и вагони, што значи дека железничкиот транспорт ќе биде еден од најексплоатираните, со најголема удобност за сите патници“, вели прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

Во тек се работите за обновата и на Железничкат астаница во Скопје, за што инвестицијата е 2,9 милиони евра. 

 

Елизабета Митреска