Нови пловидни ознаки на Охридско Езеро
Се зголемува безбедноста на Охридското езеро. Долж целото македонско крајбрежје се поставени пловидбени знаци со што ќе се зголеми безбедноста на пловните објекти и на капачите. Наскоро ќе бидат поставени и радари со кои охридската капетанија ќе може да ја следи целокупната состојба на македонскиот дел од езерото...

Со поставување на 179 пловидбени знаци се зголемува безбедноста на Охридското Езеро. Тие се поставени во согласност со европската и светската регулатива,Со поставувањето радари за набљудување на пловните објекти ќе биде зголемена ефикасноста на Охридската капетанија.
„Тие ќе служат пред се за потребите на капетанијата бидеќи понекогаш има потреба од трагање по исчезнати лица,понекогаш од евидентирање на некои пловни објекти за кои што се јавува дека се наоѓаат на некои спорни места и вршат спорни дејанија“, вели Горан Устијаноски, капетан на Охридската капетанија.
Бродарите се задоволни поради поставувањето на пловидбената сигнализација,која според нив треба да ја почитуваат и капачите.
„Многу пати на сред езеро може да се наиде на пливач. Во секој случај е значајно воспоставувањето на нови регулативишто ќе придонесе за зголемување на безбедноста околу пловењето. Се работи и за глисери, и за скутери, и за кајчиња и за пливачи и педалинки“, вели Зоран Гилески, сопственик на брод „Александрија“.
Устијаноски најави обновување на светилниците во Охрид и Свети Наум и поставување на нов во Струга, бидеќи тие се симбол на секое пристаниште и негов неизоставен дел.
Сашо Нелоски
