Во Основен суд Скопје 1 решени речиси 76.000 предмети

28.07.2015 15:46

Крвичниот суд во Скопје во изминатата година имал вкупно 119.566 предмети, од кои речиси 70.000 биле ново примени. Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје лани се решени вкупно 75.906 предмети, а нерешени останале 43.660...

Основниот суд Скопје 1 – Скопје, изминатата 2014 година ја завршил со зголемен квалитите во однос на решавање на предметите, квалитетот на пресудите и намалување на бројот на нерешени предмети, стои во извештајот на извештајот на Врховниот суд на Македонија.

Крвичниот суд во Скопје во изминатата година имал вкупно 119.566 предмети, од кои речиси 70.000 биле ново примени. Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје лани се решени вкупно 75.906 предмети, а нерешени останале 43.660.

Во извештајот е констатирано дека судот се соочува со проблем поради кадровска неекипираност. На двајца судии им е во мирување судиската функција, четворица се пензионирале, еден судија е разрешен со одлука на Судскиот совет, а  9 судии се одалечени од вршење на судиската фукција.

Дополнително врз ефикаснсоста влијаел и недоволниот број судски службеници како и недоситгот на – дактилографи. Според обемот на работа и специфичноста на надлежноста Основниот суд Скопје 1 – Скопје е единствен суд во Р.Македонија со олку голем фонд на предмети во работа во текот на една година, стои во извештајот на Врховениот суд.