Евтините кредити отворија 6.300 работни места

28.07.2015 16:18

Идниот месец стигнуваат нови 10 милиони евра од Европската инвестициска банка за малите и средните бизиниси. Со евтините кредити фирмите отвориле над 6.300 работни места...

Евтините кредити преку Европската инвестициска банка отвориле над 6.300 работни места. Поддржани вкупно 1.522 проекта.

Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) ги презентираше последните податоци. Од идниот месец на компаниите ќе им бидат ставени на располагање уште 10 милиони евра од новата транша. Досега  малите и средните бизиниси искористиле 60 насто од средствата од четвртата линија во износ од 100 милиони евра. Повлечени се шест транши во износ од речиси 62 милиона евра.

Со четвртата кредитна линија досега се финансирани 303 проекти и отворени 1.041 работни места. Парите се дел од четирите кредитни линии вредни 350 милиони евра, евтин капитал со ниска камата за зголемување на ликвидноста на компаниите.

 

Викторија Милевска