Свлечиште предизвика дефекти во водоснабдувањето во Битола

28.07.2015 16:26

Проширувањето на свлечиштето кај хидросистемот Стрежево предизвика дефет на главниот довод за вода во Битола, по што градот се соочи со краткотрајна криза. Експертите велат дека нема да дојде до поголеми рестрикции бидејќи дефектот првично се очекува да се санира уште вечерва...

Битолски водовод ги троши резервите на вода за пиење, а РЕК Битола се снабдува преку алтернативни извори по вчерашното проширувањ на едно од свлечиштата кое дополнително го оштети главниот доводен канал од Стржево. По деноноќната интервенција надлежните со смирувачки порака до граѓаните кои од синоќа складираат резерви со вода.

„При крај е изработката на еден лимен канал преку кој ќе протечат од 2,5- 3 метри кубни вода потербни за граѓанството и индустријата. Проблем ќе ни остане испораката за земјоделците, но тоа ќе го решаваме потоа“, вели директорот на ХМС Стрежево Маријан Геровски.

„По многуте шпекулации од синоќа потрошувашката е дупло зголемена, граѓаните складираат вода. Тие нема да им требаат затоа што не држт шпекулациите дека Битола повеќе дена ќе биде без вода за пиење“, вели директорот на ЈП Водовод, Горан Стефановски.

Во санацијата се вклучени и од РЕК Битола на кој е и оштетениот објект на главниот цевковод. Засега термоелектраните работаат непречено, а со вода се снабдуваат преку алтернативните извори кои и во најлоша варијанта можат неколку месеци да ги задоволат потребите.

„Стрежево го згочеми испустот во Црна Река од каде со пумпи земаме за РЕК Битола, а тука е и нашата суводолска акумулација која има над три милиони метри кубни вода, сосема доволно да се задоволат потрбите“, вели директорот на РЕК Битола, Јовко Крстевски.

Експертите од скопскиот градежен факултет велат дека санационите проектни решенија се поопширни, а во оваа првична фаза преземени се комбинирани мерки. 

„Гледате дека прво има длабоки потпорни колови со јака арматура кои го зацврстуваат теренот, а внатре во каналот се интервенира со челична платформа“, вели експертот од Грдежниот факултет, Милорад Јивановски.

Какви ќе бидат резултатите набргу ќе се почуствува, засега едно е јасно за санација на неколкуте свлечишта на овој потег ќе треба многу работа летово.

Стевче Митревски