Недвижности: Поголема конкуренција за намалување на цените
Цените на становите не паѓаат затоа што градежниците работат со големи профити- ново истражување на пазарот на недвижности...

Се зголемува продажбата на станови. Во првите шест месеци бројот на трансакции е зголемен за 30,5 отсто повеќе во споредба со лани, просечната цена достигнала 979 евра за квадратен метар. Цените иако се најниски во последните 10 години сепак градежниците остваруваат високи профити се разгорува конкурентската борба велат од консултанската агенција „Фортон Македонија“.
Интересот за инвестирање во недвижности го зголемиле и банкарски камати на депозитите. Цените на становите варираат во зависност од локацијата, најголема понуда има во Аеродром.
„Цените на становите главно звисат во која општина се и секако зависи од квалитетот на градбата. Просечната цена на ниво на цело Скопје е 979 евра за метар квадратен. Најголемиот дел од новите стнанови се концентрирани во општините Центар, Карпош и Аеродром“, вели Влатко Богоевски од „Фортон Македонија“.
Кај наемот на деловни простории растот изнесува 90 отсто – покажале истражувањата, а се полнат и трговските центри.
Нова понуда на модерен малопродажен простор се очекува во првата половина на 2017-та година, со најавените отворања на „Emporio Mall“ и „Cevahir Sky City Mall“ во Скопје.
Дијана Ценевска
