„Дрекселмајер“ најавува нови 500 вработувања
Комерцијалниот директор на фабриката Ѓорѓи Тренковски, во инртервју за МРТ посочува дека секој којшто сака да ја види својата иднина во „Дрекселмајер“ е повеќе од добредојден...

Најголемиот странски работодавач во земјава отвора нови работни места. Во погоните на германски „Дрекселмајер“ до крајот на годинава ќе бидат ангажирани уште 500 работници, со што вкупната работна сила ќе надмине 6 илјади. Комерцијалниот директор на фабриката Ѓорѓи Тренковски, во инртервју за МРТ посочува дека секој којшто сака да ја види својата иднина во „Дрекселмајер“ е повеќе од добредојден.
„Дрексемајер“ е најголем работодавач во државава вклучувајќи ги и домашните фирми. Компанијата е многу горда за успехот којшто го има во Македонија и како пример би сакал да го посочам „Семејниот ден“ којшто го организиравме оваа недела, во кој над 11.000 посетители, фамилиите на нашите вработени имаа ретка можност во игри, забава, атракција, да го посетат производството и да влезат во производот, којшто ние го правиме. А тоа е, целокупниот кабелски сет за новата Ц класа на „Мерцедес“, односно на „Дајмлер“, објаснува Тренковски.
Директорот на „Дрекселмајер“ нагласува дека фабриката има потреба од висок опсег на високостручни кадри, вклучувајќи инженери, економисти, правници, вработени коишто имаат средна стручна подготовка.
„Заради тоа што нашиот производ е толку баран на европските пазари и сме толку успешни во тоа што го правиме, се појавува потреба за дополнителен кадар во нашата фирма и сме многу среќни што Македонија успеа да се избори за свое место под сонцето, да го има напродаваниот модел на Мерцедес, каде што кабелскиот сет се произведува токму кај нас во нашата фабрика“, објаснува Тренковски во разговор за Дневник 1.
Кога станува збор за безбедноста и здравјето при работа, Тренковски вели дека од сите многубројни инспекции, „Дрекселмајер“ има најдобри стандарди за здравје и безбедност при работа во Македонија.
„Дрекселмајер немал некои работни услови коишто се надвор од законските прописи, напротив, согласно искажаното од инспекторите, „Дрекселмајер“ има најдобри стандарди за здравје и безбедност при работа во Македонија и сме многу среќни бидејќи никогаш не сме имале инцидент. Овде сакам да напоменам дека кога некогаш се зборува во медиумите, тоа е многу неточно искажано. Напротив, кај нас стандардите се на многу високо ниво, и ќе продолжиме да ги подобруваме“, завршува Тренковски.
