Продолжува топлиот бран: Бремените и болните над 60 години ослободени од работа до 4-ти август
Да се избегнуваат и градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот. Да се носи светла облека, да се консумираат течности и лесна харана, а хронично болните да се ја земаат пропишаната терапија– препорачуваат лекарите...

Тропски горештини во земјава. Топлиот бран продолжува. До четврти август ќе важат препораките на надлежните за заштита од високите температури и УВ индекс. Од работни оврски се ослободени бремените и хронично болните над 60 години.
Да се избегнуваат и градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот. Да се носи светла облека, да се консумираат течности и лесна харана, а хронично болните да се ја земаат пропишаната терапија– препорачуваат лекарите.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката.
Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.
Поставени се пунктови во сите градови каде граѓаните може да добијат совети за заштита од топлото време.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а дневната од 34 до 41 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура околу 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.
