Договор за избрана мерка за вработување во Скопје

29.07.2015 10:39

Ќе биде потпишан во рамките на твининг проект финансиран од Европската Унија, за активни мерки за вработување...

Претприемништвото и занаетчиството како мотор за отворање нови работни места – ова е целта на Договорот за избрана мерка за вработување кој денеска треба да биде потпишан во Центарот за вработување на Град Скопје. Ќе биде потпишан во рамките на твининг проект финансиран од Европската Унија,  за активни мерки за вработување.

Ќе се зголемува вработливоста кај невработените жени со комбинирање на македонскиот дизајн, занаетчиското знаење и претприемништвото. Твининг проектот го финансира развојот и спроведувањето на активни мерки на пазарот за труд во битолскиот, кумановскиот, тетовскиот и скопскиот регион. Секоја мерка добива финансиска поддршка до 10.000 евра.