Претседателот Иванов помилува 45 затвореници
29.07.2015 10:46
7-мина потполно и 38-мина делумно се ослободуваат од натамошното извршување на казната затвор...

Претседателот Ѓорге Иванов по повод националниот празник на Република Македонија, 2-ри август, даде помилување на 45 осудени лица.
7-мина потполно и 38-мина делумно се ослободуваат од натамошното извршување на казната затвор, се вели во писменото соопштение од претседателскиот кабинет.
