Џез-концерт на „Скопско лето“

29.07.2015 10:54

CSPS Ensemble е формација од овие седум џез музичари кои во текот на изминатата година работеа на составувањето на музичкиот проект „ENCOUNTER”...

Во рамки на „Скопско лето“, вечер од 20.30 часот во Сули ан - Факултет за ликовни уметности концерт ќе одржи интернационалниот ансамбл „Csps jazz ensemble”. Во него членуваат: Дејв Вилсон од САД (баритон саксофон), Стелиос Цаѕиклеас од Грција (труба) и македонските музичари Кирил Кузманов (алт саксофон), Иван Иванов (тенор саксофон), Бојан Петков (гитара) Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Ратко Даутовски  (перкусии).

CSPS Ensemble е формација од овие седум џез музичари кои во текот на изминатата година работеа на составувањето на музичкиот проект „ENCOUNTER”.

На вечерашниот концерт премиерно ќе бидат изведени делата: Cygnus Atractus; Mist in the Missed;  Keep It To Yourself; Joanica; Got Away; That One; Karma Bura  и The Red Barbunya.

И покрај тоа што станува збор за релативно млади музичари, тие во изминатите години активно работат на своите кариери свирејќи во различни џез-состави, честопати работејќи и на заеднички проекти, за во овој проект да ги спојат своите интересни музички идеи и енергии, создавајќи автентичен модерен џез-материјал кој вклучува претежно авторска музика, но и дела кои досега не биле изведени пред македонската публика. Материјалот исто така е снимен на цеде, во продукција на Ален Хаџи Стефанов и се преговара за негово издавање со издавачки куќи од Европа и САД, соопшти фестивалот „Скопско лето“.