Пирански залив: Хрватскиот парламент одлучува за изелз од арбитражата со Словенија
ловенија вчера именуваше нов судија, откако претходниот поднесе оставка бидејќи беше снимен како по телефон договара да влијае врз судиите за поволна пресуда за Словенија...

Хрватскиот парламент денеска на вонредна седница одлучува дали земјата ќе излезе од арбитражната постапка со Словенија за Пиранскиот Залив.
Од Арбитражниот суд побараа што поскоро да ги сослушаат двете страни и ги повикаа да не ја влошуваат ситуацијата во меѓувреме. Словенија вчера именуваше нов судија, откако претходниот поднесе оставка бидејќи беше снимен како по телефон договара да влијае врз судиите за поволна пресуда за Словенија.
Според словенечкиот премиер Церар, барањето на судот Љубљана да именува нов судија значи дека Хрватска не може да излезе од арбитражата за границата.
