Мигранти очајнички се обидуваат да влезат во Велика Британија
29.07.2015 11:28
Велика Британија и Франција одлучија заеднички да ги интензивираат мерките за спречување на илегалните мигранти...

Ноќеска најмалку 1.500 мигранти упаднаа во Евротунелот во нов очајнички обид да стигнат до Велика Британија. Обезбедувањето, откако го расчистило преминот, нашло еден загинат.
Само една ноќ претходно околу 2.000 мигранти се обидоа од францускиот град Кале да влезат во тунелот под ЛаМанш. Велика Британија и Франција одлучија заеднички да ги интензивираат мерките за спречување на илегалните мигранти.
Британскиот премиер Камерон изјави дека протокот на мигранти низ Евротунелот е преголем за да може земјата да се справи со него. Тој најави дека безбедноста ќе се зголемува со дополнителни 10 милиони евра.
