„Безбедната зона“- обид на Анкара да ги спречи курдите да формираат своја територија

29.07.2015 11:39

Oд Курдската работничка партија обвинуваат дека турските операции против милитантите на Исламска Држава преку границата се параван за напади врз курдските бунтовници...

„Безбедната зона“ што ја планираат Турција и САД на границата со Сирија е обид на Анкара да ги спречи курдите да формираат своја територија, велат од Курдската работничка партија.

Нејзиниот претседавач обвинува дека турските операции против милитантите на Исламска Држава преку границата се параван за напади врз курдските бунтовници. Тој повика на враќање на мировниот процес, од кој се откажа претседателот Ердоган.

Турција во изминатите денови беше погодена од терористички напади на џихадистите, но и на Курдите кои војуваат против ИДИЛ.