Пакистан: Убиен водачот на сунитска милитантна група Лакшар е Џангви

29.07.2015 11:52

Минатата недела, додека бил префрлан во затвор, група негови поддржувачи отвори оган врз полицискиот конвој...

Пакистанската полиција соопшти дека го убила Малик Ишак, водачот на забранетата сунитска милитантна група Лакшар е Џангви. Минатата недела, додека бил префрлан во затвор, група негови поддржувачи отвори оган врз полицискиот конвој.

Во престрелката биле убиени Ишак, неговите два сина и 11 милитанти.

Лакшар е Џангви стои зад некои од најнасилните напади против шиититските муслимани во Пакистан во изминатите години.