Државна видео лотарија

Интернет игрите на среќа под домашна капа

16.01.2014 15:20

Домашните играчи годишно трошат и по десет милиони евра на игри на среќа кои се организираат преку интернет – покажале пресметките на властите. Ова се пари кои секоја година се одлеваат од земјава. Токму затоа, на пролет овој бизнис ќе го превземе домашна компанија – Државна видео лотарија.

Со реализација на овој проект ќе се остварат повеќе цели. Прво, ќе има поголема регулација  на самиот систем за организирање на интернет игри на среќа, и второ, многу поважно, во иднина нема да има одлив на значителни, милионски суми во евра, од Република Македонија кон надвор”, изјави Александар Ѓеорѓиев, портпарол на Владата на Р. Македонија

Учество од 51 процент во домашниот субјект ќе има Државната лотарија, а другиот дел е на странскиот партнер, Австрија Казино, компанија која веќе оперира во 40 земји од светот.

Државната лотарија во проектот влегува без пари, односно таа само ќе го отстапи правото за организација на игрите на среќа, а странскиот партнер, Австрија Казино ќе вложи 6 милиони евра во опрема, простории, вработени, односно за сè што е потребно за организација на игрите.

Кога домашната компанија ќе започне да ги организира игрите на среќа, АЕК за времетраење од две години ќе ги блокира сајтовите кои сега ги даваат ваквите услуги. Од Владата велат дека тука нема ништо спорно, бидејќи ова било светска практика.

Новинар: Мартин Пушевски