Ристотвски: Истекува рокот за аплицирање за субвенција за објавен научен труд

29.07.2015 12:32

Сите оние кои ќе имаат квалитетни трудови ќе добијат 500 евра финансиска поддршка од ресорното министерството...

Уште неколку дена ќе трае рокот за аплицирање за субвенции за научни трудови објавени во списанија со импакт фактор за 2014-та година. Сите оние кои ќе имаат квалитетни трудови ќе добијат 500 евра финансиска поддршка од ресорното министерството.

„МОН доделили приближно 600 субвенции. Во наредните неколку дена завршува рокот за апликација за објавени трудови во 2014 година и би сакал да апелирам до сите лица кои се занимаваат со научно-истражувачка дејност, независно дали се од академската заедница, може и од останатите кои имаат изработени и објавени трудови за 2014, а се уште ги немаат пријавено во МОН за добивање соодветна субвенција, да го искористат своето право во наредните неколку дена и да аплицираат за финансиска поддршка“, изјави заменик- министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Досега најмногу објавени научни истражувачки проекти се од областа на природните науки, а се повеќе ги има и во техничките и општествените науки.