Реконструирано училиштето „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров
29.07.2015 12:40
Општината и ресорното министерство во училишниот објект инвестираа околу 30 милиони денари...

Основното училиште „Мирче Аацев“ во Ѓорче Петров доби нов лик. По изградбата на училници, промената на прозорци, модернизирана спортската сала, комплетно е променета и кровната конструкција.
Општината и ресорното министерство во училишниот објект инвестираа околу 30 милиони денари.
Градоначалникот Сокол Митровски најави дека летово ќе почне доградбата на дисперзираното училиште во населбата Хром, а дополнително ќе се модернизираат и останатите училипта во оваа општина.
