Еден работник загина, еден тешко повреден во фабрика за мермер во прилепско
29.07.2015 12:45
Несреќета се случила вчера околу 18 часот, пред атељето за преработка на гранит и мермер, при истоварање на гранитни плочи од товарно моторно возило...

Еден работник почина и еден е тешко повреден во фабриката за мермер „Ла Бисчина“ во прилепското село Ново Лагово. Несреќета се случила вчера околу 18 часот, пред атељето за преработка на гранит и мермер, при истоварање на гранитни плочи од товарно моторно возило.
Плочите се навалиле и паднале врз двајца работници. Едниот работник починал на самото место, а другиот се здобил со тешки повреди и бил префрлен во Медицинскиот центар во Прилеп.
Прилепската полиција веднаш излегла и извршила увид. Информираат дека се работи на целосно расчистување на настанот.
