Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1-ви август
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески денеска информираше дека законските измени за укинување на обврската за плаќање придонеси за здравствено и пензиско осигурување за договорите на дело, авторските договори и слични договори се донесени на седница на Владата...

Од 1-ви август 2015-та година се укинуваат придонесите за хонорарците. Ваквото решение предложила Владата откако анализите покажале дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведе ги исцрпеа ефектите што се сакаа да се постигнат.
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески денеска информираше дека законските измени за укинување на обврската за плаќање придонеси за здравствено и пензиско осигурување за договорите на дело, авторските договори и слични договори се донесени на седница на Владата.
Во последните три месеци се рализираше и проектот „Македонија вработува“ која што овозможува ослободување во период од една до пет години од плаќањето на придонеси на лица што ќе бидат вработени од страна на приватниот сектор и со тоа практично околу 4.000 лица имаат стекнато статус на редовен работен однос. Вториот проект кој исто така реши добар дел од проблемот на лицата што порано беа ангажирани со договор на дело и авторски договори е во сегментот на трансформација на работниот однос во рамки на јавниот сектор, објасни вицепремиерот.
Според Ставрески, со ова решение Владата излегува и во пресрет на барањата кои во јавноста беа изразени бидејќи, како што рече, намерата на Владата беше да се помогне во делот на регулирање на правата од работен однос.
