МВР вчера издаде 649 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 15.959, потоа се од Авганистан 1.733, од Ирак 1.199, Пакистан 713, од Сомалија 470, Палестина 415, Конго 277, од Камерун 124, додека останатите се во помал број. ..

Министерството за внатрешни работи вчера издаде 649 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19.06.2015 до 29.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 21.575 странски државјани, соопшти денеска МВР. Од нив, 15.657 се од машки пол, 2.878 се од женски, 2.847 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 193 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 15.959, потоа се од Авганистан 1.733, од Ирак 1.199, Пакистан 713, од Сомалија 470, Палестина 415, Конго 277, од Камерун 124, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавање на потврдите до 29.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
