Едукација, па казна: Фирмите задоволни од измените на Законот за прекршоци
Новите измени во Законот за прекршоци треба да помогнат да се развива бизнисот, малиот дуќан да прерасне во голем. Оние кои долги години работат во приватниот сектор оценуваат- казните треба да воведат ред во државата...

Едукација па казна доколку се повтори делото, велат сопствениците на дуќани. Новите измени во Законот за прекршоци треба да помогнат да се развива бизнисот, малиот дуќан да прерасне во голем. Оние кои долги години работат во приватниот сектор оценуваат- казните треба да воведат ред во државата. Еден од газдите на дуќан за компјутерски делови посочува опомените треба да бидат првиот сигнал.
„Ќе го олеснат економското движење во државата. Мислам дека кај сите фирми наиде на одобрување. Одлично е што прво ќе има опомена. Така би требало да функционира, бидејќи казните се во функција да се стави ред во државата“, вели сопственик на дуќан за компјутерски делови.
Висината на казната ќе зависи од приходите на компанијата, бројот на вработени. Од високите глоби ќе куртулат малите и средни претпријатија кои сега ќе плаќаат само 15 или 30 проценти од додегашните казни, додека кај големите компании казните ќе бидат двојно намалени. Опомените ќе ги натераат фирмите да бидат попретпазливи во работењето.
„Да се оди по редот на нештата, нормално со опомени. Мислам дека ќе се има повеќе разбирање“, вели сопственик на дуќан за оптика.
Според надлежните, измените во законот за прекршоци ќе го намали бројот на неправилности кои ги констатираат УЈП и инспекциите. Законот ќе доведе до подобро работење на фирмите, поголема заработка, и редовна исплата на платите на вработените.
Дијана Ценевска
