Нови откритија на археолошкиот локалитет Градиште кај Неготино

29.07.2015 15:05

На археолошкиот локалитет Градиште кај Неготино постојано се прават истражувања со поддршка на Министерството за култура, а локалитетот влезе и во меѓународен проект во кој покрај домашни, се вклучени и археолози и професори од Полска и од Институтот „Валенсија“ од Шпанија...

Во 4- тиот или петтиот век, овде постоела раноантичка населба. Откриени се куќи, улици и друга инфраструктура. Локалитетот Градиште кај Неготино говори за традицијата и културата пред нашата ера.

Во Неготинскиот музеј,  пак се собрани голем број артефакти откриени за време на истражувањето годинава -вредни предмети, уникатна и декоративна керамика.

Почнати се реконструкција, санација и конзервација на саат-кулата во Неготино.

Во кулата ќе има сувенирница, а горе видиковец кој ќе овозможи поголема туристичка промоција на градот, рече минисерката Канческа. Кулата ќе биде промовирана идната година. В петок во Неготино започнува и летниот културен бран.

Се реконструира и Центарот за култура. За него од буџетот се издвоени 2.300.000 денари, а проектот е во завршна фаза.

 

Александра Перевска