Топлотен бран: Горешните ризик и за возачите

29.07.2015 15:11

Поради намалена концентрација, зачестија сообраќајните несреки во Скопје. Главоболки, вртоглавици. Освен алкохолот и брзото возење топлото време уште еден фактор за нарушена безбедност...

Жешкиот асфалт и високата температури проблем и за возачите. Поради намалена концентрација, зачестија сообраќајните несреки во Скопје. Главоболки, вртоглавици. Освен алкохолот и брзото возење топлото време уште еден фактор за нарушена безбедност.  

„Главоболки, вртоглавици, намалена концентрација, намалено внимание - сето тоа допринесува до почести сообраќајни несреќи. Среќа што нема со смртни исходи повеќето се со лесни и тешки телесни повреди, повеќе е материјална штета отколку што има влијание на здравствената состојба“, вели д-р Василаки Карабашев од Брзата помош.

До четврти август ќе важат препораките на надлежните за заштита од високите температури и УВ индекс. Од работни оврски се ослободени бремените и хронично болните над 60 години. Да се избегнуваат и градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот. Граѓаните научија како да се заштитат.

„Дома вклучуваме клима, надвор бегаме под сенка и обавезно носиме шише со вода.“

„Со ладни напитоци, со освежување, но до кога ќе трае ова ќе видиме.“

„Сеуште не ми пречи, не се чувствувам загрозен“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Според метео-алармот, Охридско- преспанскиот и Јужно - вардарскиот регион ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза. Останатите градови во жолта фаза.

Сончево и многу топло- температурата во некои делови низ земјава го надмина 40-тиот степен. Метеоролозите најавуваат дека топлиот бран ќе продолжи и во наредниот период. Поставени се пунктви во сите градови каде граѓаните ќе можат да добијат совети за заштита од топлото време.

 

Андријана Атанасовска