Мерки: Обуки за плетење и везење за невработените

29.07.2015 15:14

Преку мерката „Моќта на дизајнот и занаетот“ – можност, жените активни баратели на работа да се стекнат со вештини, да дојдат до работно место...

Фустани, модни детали, постелнини, перници, невработени ќе учат плетење и везење. Преку мерката „Моќта на дизајнот и занаетот“ – можност, жените активни баратели на работа да се стекнат со вештини, да дојдат до работно место.

Проектот кој ги комбинира македонскиот дизајн , занаетчиското работење и претприемништво се финансира од Европските фондови. Според Агенцијата за вработување, обуките ќе креираат нови работни места.

Според надлежните, делот кој го опфаќа домашното ракотворење и уметничко занаетчиство е важен дел за унапредување на локалниот еконосми развој, можност за сопствен бизнис, но и дел од креирање на туристичката понуда. Податоците покажуваат дека жените се сопственици на една третина од активните претпријатија и вработуваат над 10 проценти од вкупниот број на врботени.

 

Наташа Јанчиќ