Исчезнатата охриѓанка пронајдена како плива во езерото
29.07.2015 15:24
Според полициските службеници лицето било во добра здравствена состојба...

Припадниците на охридската Езерска полиција претпладнето околу десет часот во водите на Охридското Езеро го пронајдоа женското лице кое што синоќа околу еден часот беше пријавено за исчезнато.
Според полициските службеници лицето било во добра здравствена состојба, а полицијата ќе изврши дополнителни разговори околу околностите што му претходеле на целиот настан и дали тоа навистина пливало десет часа колку што траеше потрагата по него.
