Убиство во Козлe: Полицијата трага по убиецот, повеќемина ставени на полиграф
Полицијата се уште трага по убиецот на мајката и на синот од Турција. Повеќемина осомничени се повикани на разговори, дел од нив ставени и на полиграфско тестирање. За егзекуторот, кој се уште е непознат, се знае дека е професионалец...

Сеуште трае истарагата за вчерашното убиство на 29 годишниот Самит и неговата 52 годишна мајка од Бурса. Се утврдуваат деталите. Според првичните информации, убиството било професионално изведено, со пригушувач. Според извори од истрагата во текот на вчерашниот и денешниот ден било разговарано со повеќемина. Биле направени и на полиграфски испитување на лицата за кои полицијата се посомневала дека би можеле да бидат поврзани со убиството или пак би имале некои информации. Засега нема осомничени.
Полицијата сеуште трага по убиецот на мајката и синот од турција кои вчера беа застрелани во населбата Козле. Истрагата покажала дека убиството било професионално изведено. Убиените немаат криминално досие во МВР, а сеуште се чекаат податоци од турската полиција.
Сеуште енигма кој и зошто ги убил гостите од Турција кои пред една недела дошле на гости кај сватовите.
„Сопствениците на куќата кога се симнале на долниот кат каде спиеле нивните гости од Турција забележале дека се убиени, по што случајот е пријавен во полиција“, изјави помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
Соседите сведочат дека населбата била мирна, и никогаш порано не се случувале поголеми инциденти.
Младите стапиле во брак пред неколку месеци. Сопругата на младоженецот во кобната ноќ се наоѓала во куќата на горниот кат со нејзините родители.
Наташа Гркова- Петрушевска
