Македонија во портокалова фаза, температури до 42 степени и УВ индекс 9

30.07.2015 08:51

Охридско–преспанскиот, јужно- вардарскиот регион и осоговско- малешевски регион, денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, а останатите региони со температури од жолта, односно алертна фаза...

Пеколно жешко во земјава. Температурите не попуштаат. Во три региони прогласена портокалова тревога. Владата донесе дополнителни препораки со кои се ослободуваат од работните обврски лицата кои работат со скратено работно време, поради здравствени причини.

Надлежните служби, трудовите инспекции поактивно да го контролираат спроведувањето на препораките. На изнемоштените и осамените лица треба да им се даде соодветна нега и да се обезбеди сместување во климатизирани простории.

И натаму важат препораките за ослободување од работа за бремени жени и хронично болни, повозрасни од 60 години.

Особено внимание треба да се посвети на квалитетот на храната која ја консумираме, термички да биде добро обработена и да се запазува рокот на употреба.

Граѓаните во сите градови можат да се обратат на дежурните пунктови на Црвениот Крст и каде што лекарите можат да ја дадат првата помош.

Според УХМР дневната температура ќе се движи од 35 до 42 степени, а УВ индексот ќе изнесува 9.