Отворен 45-тиот Републички феставал на народни песни и ора „Илинденски денови“
Од синоќа во Битола започна чествувањето на Илинден. Отворено 45-тото издание на најстариот фолклорен фестивал во земјава „Илинденски денови“. Вљубениците на фолклорот преку четирите фестивалски вечери и настапот на над илјада учесници ќе се запознаат со културните фолклорни вредности и традицијата на шест земји учеснички...

Големото дефиле по широк сокак го најави, а со пзнатото македонско оро „Тешкото“ се отвори 45-тото издание на фестивалот „Илинденски денови“, најстариот фолклорен фестивал во земјава кој е синоним за доследно чување и негување на автентичната фолклорна традиција. Културо богатсто кое народниот гениј го создавал низ вековите и е нераскинливо поврзанао со исконската борба за слобода, самобитност и државотворност.
Звуците на тешкото само потсетија зошто овој фестивал се одржува во очи на најголемиот македонски празник и зошто најголем дел од традицијата и обичаите произлегле од македонскиот непокор.
„Таа борба е длабоко врежана во македонскиот фолклор за таа борба се испеани многу песни. Многупати се менувала иконографијата, но пораката била единствена и го отсликувалаа македонскиот непокор“, рече пратеникот Зоран Илиоски.
„И затоа оваа вечер се чувствуваме прекрасно затоа што четири вечери почнуваме со слвење на најголемиот македонски празник“, рече градоначалникот Владимир Талески.
Фестивал кој го афирмира своето, но и дава можност да се запознаеме и со вредностите на останатите народи во светотот.
„Фестивалот ќе изобилува и со многу придружни манифестации, а ќе се претстават над илјада учесници од шест земји во светот“, рече организаторот, директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски.
Програмата е богата и ќе се одвива на повеќе атрактивни локации. Фестивалот ќе биде затворен в сабота во магичниот амбиент на античкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“, со концертот на култната група Љубојана и виртуозот на кларинет Исмаил Лумановски, насловен како „Шербет Љубојна“.
Стевче Митревски
