Турските власти привеле над 1.200 илегални имигранти
30.07.2015 10:40
Според генералштабот на турската армија, во реонот на границата меѓу Турција и Сирија биле приведени околу 600 лица кои нелегално се обиделе да преминат на турска територија...

Во последниве 24 часа турските власти привеле повеќе од 1.200 илегални имигранти по потекло од Сирија. Според генералштабот на турската армија, во реонот на границата меѓу Турција и Сирија биле приведени околу 600 лица кои нелегално се обиделе да преминат на турска територија.
Истовремено, припадници на воената морнарица и на крајбрежната стража во морските погранични реони на Турција пресретнале уште околу 600 други илегални имигранти.
