Коњаниците од Илинденскиот марш, речиси пред Крушево

30.07.2015 10:47

Во сите градови и села коњаниците беа пречекани од жителите и со традиционалниот обичај леб и сол и по некој напиток на жешкото време...

Илинденската коњаница е речиси пред револуционерното Крушево. Коњаниците го минаа Цер, легендарното прилепско село каде што со комитите загина војводата Христо Узунов.

Дел од фалангата вчера помина низ Кичево и Другово. Во сите градови и села коњаниците беа пречекани од жителите и со традиционалниот обичај леб и сол и по некој напиток на жешкото време.

Коњаницата од цела Македонија на крушевско Гумење пристигнува на 31-ви јули, со што и почнува одбележувањето на националниот празник Илинден.