Истражителите убедени дека се пронајдени остатоците од малезискиот авион МХ370

30.07.2015 11:22

Претставник на француските воздушни сили изјавил дека биле пронајдени остатоци, но дека се уште е рано да се каже дали му припаѓаат на исчезнатото летало...

Истражителите се речиси сигурни дека снимката од остатоци од авион пронајдени во Индискиот Океан се дел од крилото од истиот модел Боинг 777, како што беше и Малезискиот авион кој со 239 патници и членови на екипажот исчезна по полетувањето од Куала Лумпур на 8 март 2014 година.

Претставник на француските воздушни сили изјавил дека биле пронајдени остатоци, но дека се уште е рано да се каже дали му припаѓаат на исчезнатото летало.