Квинсленд погоден од најсилниот земјотрес во изминатите 80 години
30.07.2015 11:27
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами...

Земјотрес со сила од 5,3 степени според рихтер го потресе изутрината брегот на австралиската држава Квинсленд. Сеизмолозите тврдат дека ова е најсилниот земјотрес што ја погодил оваа држава во изминатите 80 години.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.
Епицентарот на потресот бил на 100 километри од островот Фрејзер во Коралното море, на длабочина од 30 километри под површината на земјата.
