Се гради новиот Турски театар

30.07.2015 12:31

Наместо во дотраен објект, актерите од Турскиот театар на ова место, на 2.600 квадратни метри ќе ја создаваат новата историја. Денеска е поставена првата темелна плоча...

По шест децении желбата за нова театарска сцена станува реалност. Наместо во дотраен објект, актерите од Турскиот театар на ова место, на 2.600 квадратни метри ќе ја создаваат новата историја. Денеска е поставена првата темелна плоча.

Неколку години се расчистуваше просторот за да се обезбеди површината за изградба на новиот турски театар. Интензивно се работеше на ископот на градежната јама. Мал застој во градежните работи, поради подземните води, кои се испумпуваа, по што следеше хидроизолација на теренот.

Турскиот театар ќе има две сцени и 450 места за гледачите. Љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја посетат изложбената галерија, културно-информативниот центар и мултимедијалната сала.

 

Александра Перевска