Почна реконструкција на улицата „Горно Лисиче“

30.07.2015 13:06

Станува збор за проект кој опфаќа обнова на коловозната конструкција на улицата „Горно Лисиче“ на потегот од „12 Македонска бригада“ до црквата „Св. Петар и Павле“...

Почна асфалтирањето на околу два километра на улицата „Горно Лисиче“ во скопската општина Аеродром, проект во вредност од 14 милиони денари.

Станува збор за проект кој опфаќа обнова на коловозната конструкција на улицата „Горно Лисиче“ на потегот од „12 Македонска бригада“ до црквата „Св. Петар и Павле“.

Вкупната должина на реконструкцијата што ќе ја опфати улицата „Горно Лисиче“ е околу 1,7 километри. Реконструкцијата, исто така, ќе опфати и нивелирање шахти, како и санирање прекопи.

Покрај обновувањето на оваа улица со нов асфалтен слој со широчина од околу седум метри, ќе се обноват и тротоарите со бекатон-плочки.

Општинарите велат дека на овој начин ја зголемуваат безбедноста во сообраќајот.