Обезглавено осумчлено семејство во Мексико
30.07.2015 13:22
Инцидентот се случил во државата Чивава, а телата на убиените се пронајдени на локален пат...

Осум члена на исто семејство биле киднапирани во северниот дел од Мексико од маскирани напаѓачи коишто подоцна им ги отсекле главите. Деветтиот член на семејството успеал да избегне и да ја алармира полицијата.
Инцидентот се случил во државата Чивава, а телата на убиените се пронајдени на локален пат.
Убиството се случило во област позната по нарко трговија.
