Ќе се гради нова фабрика во Охридско-струшката зона
30.07.2015 14:52
Компанијата, која веќе работи во постојан погон, до крајот на годинава ќе брои 150 вработени, за постепено да се стигне до проектираната бројка од 1.000 работници...

Потпишан е договорот со германската „ОДВ Електрик“ за инвестицијата вредна 15 милиони евра. За две недели почнува изградбата на новата фабрика во Охридско – струшката економска зона.
Компанијата, која веќе работи во постојан погон, до крајот на годинава ќе брои 150 вработени, за постепено да се стигне до проектираната бројка од 1.000 работници.
Новата фабрика во индустриската зона помеѓу Охрид и Струга, според најавите на раководството на компанијата треба да почне со работа кон средината на следната година.
