Турција: ПКК го возвраќа ударот, воена зона во три провинции

30.07.2015 16:53

Напади на војници, цивили- по офанзивата на турската авијација, Курдите го возвратија ударот. Напаѓаат војници, но и цивили. Во три провинции е прогласена воена зона...

По офанзивата на турската авијација, Курдската работничка партија возврати со напади врз  војници, цивили. Цел на ПКК бил и патнички воз. Поради лошата безбедносна состојба во три провинции е прогласена воена состојба и е забранет пристап за цивили во наредната седмица.   Во провинцијата Сирнак, екстремистите извршиле напад врз батаљон, при што загинале тројца турски војници и офицер.

На местото на нападот, Анкара испрати хеликоптери со командоси. Генералштабот на војската соопшти дека терористите извршиле напад врз патрола, по што се зголемени мерките за безбедност.

Изутрината цел на напад бил и патничкиот меѓународен воз, на релација Анкара- Техеран, а поставената мина на пругата била активиран со далечински управувувач. Во инцидентот нема повредни, биле оштетени вагони, но возот продолжил кон Техеран, соопштуваат турски медиуми.  Конфликтот се прошири и во Дијабекир. Во чајџилница се убиен еден полицаец и еден цивил. Повисок тон и меѓусебни обвинувања и меѓу турските политичари. По нападите на претседателот на ПКК, Селахатин Дмитрас, денеска жолчен одговор на премиерот Давутоглу.

Сите ги знаеме ставовите и целите на Курдската работничка партија, тие треба да ја преземат одговорноста за нападите, а ние ќе им одговориме на сите терористи. Ние сме подготвени за ваков тип на борба, досега дадовме многу жртви за оваа слобода“, рече премиерот на Турција, Давутоглу.

Од друга страна, припадниците на Исламска држава во Сирија се подготвуваат за нови напади. Локалното население тврди дека исламистите се утврдуваат во ново-ископани ровови. По поддршката која ја доби од НАТО за борбата против Исламска држава и против Курдската работничка партија, официјална Анкара ги интензивираше нападите.

Жестоко се бомбардираат пограничните области. Иранската армија пак, ја предупреди Турција дека прави „стратегиска грешка“ со својата офанзива против Курдите. Началникот на генералштабот на Иранската армија, остро ја критикуваше Турција. Според генералот, со офанзивата им се олеснува на терористите лоцирањето на иранската граница.

 

Марија Петковска