Иванов ќе ги прими акредитивите на амбасадорите на Албанија, БиХ и Литванија

31.07.2015 08:56

Акредитивни писма на вонредните и ополномоштени амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река, на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ и на Република Литванија со седиште во Будимпешта, Раса Каириене...

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска  ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, на Босна и Херцеговина и на Република Литванија.
 
Акредитивни писма на  вонредните и ополномоштени амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река, на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ и на Република Литванија со седиште во Будимпешта, Раса Каириене, претседателот Иванов ќе ги прими во Охрид во Вилата Билјана.