Кризата во Сириза ќе се решава на вонреден конгрес
Ципрас денеска се соочува со пратенички прашања на парламентарната седница. Од него се бара да заземе став во врска со екс министерот за финансии Варуфакис...

Централниот комитет на Сириза го прифати предлогот на грчкиот премиер Ципрас за одржување вонреден конгрес на кој би се утврдила владината стратегија. Целта е и да се сочува единството на партијата, нарушено поради непопуларниот пакет помош од меѓународните кредитори.
Ципрас денеска се соочува со пратенички прашања на парламентарната седница. Од него се бара да заземе став во врска со екс министерот за финансии Варуфакис и неодамнешните откритија дека работел на план-Б кој вклучувал воведување на драхмата.
Околу 30 пратеници месецов одбија да гласаат за договорените реформи, поради што грчкиот премиер не ја исклучува опцијата за предвремени избори.
