Еврејски тероризам на Западниот брег- бебе загина од молотов коктел

31.07.2015 11:13

По нападот со молотови коктели, на местото биле најдени графити „одмазда“ и „да живее месијата“...

Палестинско бебе загина во пожар што го предизвикале израелски доселеници на Западниот брег. Тешко повредени, родителите успеале да побегнат од запалената куќа заедно со 4-годишното братче, но не го виделе бебето бидејќи снемало струја.

По нападот со молотови коктели, на местото биле најдени графити „одмазда“ и „да живее месијата“.

Израелските безбедносни сили го потврдија нападот и го окарактеризираа како еврејски тероризам.