ЕУ: 91 илјада евра за кризата со мигрантите во земјава
Со парите ќе се обезбедат основните прехранбени продукти и вода, како и хигиенски препарати, ќебиња и облека...

Европската унија реши да и додели речиси 91 илјада евра на Македонија за справување со притисоците на илегалната миграција. Овие средства, кои ќе се реализизираат преку Фондот за итно олеснување на несреќите во состав на меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, се наменети за поддршка на околу 4 илјади 600 хуманитарци во наредните три месеци.
Помошта пред се ќе се насочи кон барателите на азил во главниот град, соопштуваат од ЕУ, како и за главните железнички станици на северната и јужната граница.
Со парите ќе се обезбедат основните прехранбени продукти и вода, како и хигиенски препарати, ќебиња и облека.
Во образложението на соопштението, Брисел посочува дека Македонија уште од септември, 2014-та, се соочува со бранови лица кои бегаат од конфликтот во Сирија и дека поголемиот број од нив влегле незаконски во земјава.
