Благ пад на температурите

31.07.2015 13:23

Препораките за заштита од високите температури и високиот УВ – индекс продолжуваат да важат...

Благ пад на темепературите најавија синоптичарите по тропските горештини во Македонија. Сончеви периоди со краткотрајни дождови наместа и грмежи.

Но, препораките за заштита од високите температури и високиот УВ – индекс продолжуваат да важат.

Неделава инспекторите од трудовата испекција извршиле повеќе од 200 контроли низ целата земја. Велат - се работи само онаму каде што е неопходно, но, со чести паузи.