Савовски: Македонија ги вложува сите ресурси за справување со бранот на илегални мигранти
Неопходна и е помош и поддршка за државите на Балканската рута – Македонија, Србија и Унгарија, кои се најпогодени од миграцискиот притисок, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски на Салцбуршкиот форум за внатрешни работи, одржан во Софија...
Македонија е транзитна земја за мигрантите кон државите на Европската унија, но ги вложува сите материјални и човечки ресурси за справување со оваа миграција. Сепак, неопходна и е помош и поддршка за државите на Балканската рута – Македонија, Србија и Унгарија, кои се најпогодени од миграцискиот притисок, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски на Салцбуршкиот форум за внатрешни работи, одржан во Софија.
Претставниците на земјите- членки постигнаа договор за размена на информации околу операциите на Фронтекс и на други заеднички координирани акции против илегалната миграција и криумчарењето мигранти.