Скопје ќе добие зграда по теркот на њујоршката „Flatiron“

31.07.2015 13:47

Во општината Кисела Вода се гради зграда, како што вели инвеститорот налик на њујоршката урбанистичка икона „Flatiron“...

Годишно во Скопје се градат по 3.000 нови станови. Побарувачка има- велат градежниците. По теркот на европските и светски метрополи, изградбата на висококатници станда тренд во Скопје.

Во општината Кисела Вода се гради зграда, како што вели инвеститорот налик на њујоршката урбанистичка икона „Flatiron“.

Инвестицијата е вредна 20 милиони евра.